Вести Свет

Демонстрации на полициските службеници во Франција

Сподели:

thumbs_b_c_b77b25ad0d4b71fe80af228cd7621201

ПАРИЗ (АА) – Продолжуваат протестите на полициските службеници во Франција, кои демонстрираат против лошите работни услови, јавува Anadolu Agency (AA).

Изминатите денови, на авенијата Елисејски полиња во Париз стотици полицајци протестираа против работните услови. По ова, и безбедносните сили изегоа на улиците на главниот град.

Околу 400 полицајци со своите автомобили се собраа во јужната периферија на Париз, во Еври, за да реагираат против зголемувањето на насилството со коешто во последно време се соочуваат. Безбедносните сили бараат подобрување на работните услови.

Во Марсеј, на плоштадот Порт протестираа околу 60 полицајци.

Во последно време, полицискиот синдикат се жали дека поради зачестувањето на терористичките напади, полицајците постојано работат дополнително, надвор од работните часови, и дека има недостаток на опрема за заштита. Полицискиот синдикат исто така остро реагираше по терористичкиот напад каде што загина една полициска двојка и по нападот со молотов коктел минатата недела против полицајците, при што беа повредени двајца полицајци, од кои еден потешко.

Сподели: