Вести Македонија Ударни вести

Димитров во Берлин на средба со претставници на МНР и кабинетот на Меркел

Сподели:

 

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска во Берлин ќе учествува на конференцијата „Балкански дијалози“, организирана од страна на Минхенската безбедносна конференција, EAST WEST Институтот и Белградскиот фонд за политичка извонредност (BFPE).

Министерот Димитров ќе настапи на пленарната сесија посветена на „Зајакнување на европската перспектива на Западниот Балкан“.

За време на посетата во Берлин, покрај учеството на настанот, предвидено е МНР Димитров да оствари средби и со претставници од германското Министерство за надворешни работи и од Кабинетот на Канцеларката Ангела Меркел.

Сподели: