Вести Свет

ЕДИ РАМА: ОДНОСИТЕ СО СРБИЈА СЕ ПРОМЕНЕТИ НА ПОДОБРО

Сподели:

edirama

Албанскиот премиер Еди Рама, вчера во Белград го промовираше српското издание на книгата „Жртвување“.

Во своето излагање тој изјави дека изминатите две години, колку што поминале од неговата последна посета во Белград, односите меѓу двете држави се променети на подобро.

– Работите се променети. Се сеќавам на изразот на лицето на вашиот премиер пред две години, кога го споменав Косово. Мислев дека ќе умре пред мене – изјави Рама, додавајќи дека Вучиќ и тој и денеска имаат различни ставови, но подобро размислуваат.

На промоцијата на која присуствуваа голем број јавни личности, меѓу кои и шефот на дипломатијата, Ивица Дачиќ, Рама рече дека состојбата на Албанците на југот на Србија е денес подобар и дека ова е првпат тој од нив да слушне дека имаат јасни знаци дека нивните ветувања ќе бидат исполнети.

Посетата на Рама на Србија продолжува денеска во Ниш, каде заедно со Вучиќ ќе учествува на првиот албанско-српски бизнис-форум.

Сподели: