Експлозија во близина на бегалски центар во Германија

Сподели

germanska-policija-1

Експлозија одекнала непосредно до центарот за мигранти во близина на германскиот град Нуремберг, јавува минхенската телевизија „Бајеришер руднфунк“.

Како што јави телевизијата, куфер полн со разни конзерви експлодирал во близина на бегалскиот центар.

Засега нема информации за жртви. Очевидци велат дека слушнале силна експлозија и забележале запален куфер во една градина. Сведоците велат дека забележале маж со арапски изглед како бега од местото на експлозијата.