Вести Свет

„Ер Франс“ повторно ги откажува летовите поради штрајк на членовите на екипажот

Сподели:

Компанијата за денес откажа пет отсто од своите меѓународни летови, што претставува помалку отколку ден претходно

thumbs_b_c_369cf8a3a33b9644b937fe5fdab2d55b

ПАРИЗ (АА) – Францускиот авиопревозник „Ер Франс“ издаде предупредување за можните откажувања на летови поради седумдневниот штрајк што го започна кабинскиот екипаж, пренесува Anadolu Agency (AA).

Компанијата за денес откажа пет отсто од своите меѓународни летови, што е помалку отколку ден претходно.

„Ер Франс“ поради штрајкот планира да исполни 80 отсто од летовите, како меѓународни така и европски, од аеродромот „Шарл де Гол“ во Париз.

Синдикатот на кабинскиот персонал ги повикаа своите членови на штрајк од 27 јули до 2 август, период кој инаку е со фреквентен, висок сообраќај и период на годишни одмори, а сѐ е со цел да се предизвика негодување поради намалениот број на вработени во екипажот на авионот.

„Ер Франс“ од минатата година е соочен со бројни штрајкови на своите работници кои се незадоволни од платите и од односот на властите кон нив.

Сподели: