Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, преку официјалниот претседателски твитер-профил ги повика турските граѓани да бидат подготвени повторно да излезат на улица затоа што е можен нов напад на пучистите.

„Овој напад може да дојде до уште една фаза во која ќе мора повторно да излеземе на улица. Затоа што може да има ново движење.

Според неговите зборови, опасноста уште не е помината и напад може да се случи во секој момент, а народот треба да ја задржи контролата над улиците.

meta.mk