Ердоган за забраната на Холандија: Тие се кукавици, остатоци на нацизмот и фашисти

Сподели

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, го коментираше холандското повлекување на одлуката за слетување на турскиот министер Чавушоглу, и порача дека тоа го прават кукавиците, остатоците од нацизмот и фашисти, јавува Anadolu Agency(AA).

Ердоган, во обраќањето пред граѓаните во истанбулската населба Багџилар, се осврна и остро реагираше на денешната одлука на Владата на Холандија.

„Вие колку што сакате забранете го летот на нашиот министер за надворешни работи, но ќе видиме како ќе лета ваш авион во Турција. Секако, овде говорам за дипломатијата, а не за патувањата на граѓаните. Тоа ќе го разгледуваме на таков начин“, рече Ердоган и додаде:

„Тие не знаат што е политика, ниту што е дипломатија. Колку се само плашливи и кукавици. Тие се остатоци од нацизмот, тие се фашисти. Знајте го тоа.“

Владата на Холандија ја повлече дозволата за слетување на министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевлут Чавушоглу, а како причина ја наведе „безбедноста“ и „јавната безбедност“.

Чавушоглу претходно изјави дека во случај Холандија да ја повлече дозволата за слетување, санкциите на Турција на економски и политички план ќе бидат многу тешки. Во план беше турскиот министер Чавушоглу вечерва да одржи говор во зградата на главниот конзулат на Турција во Ротердам.