ЕУФОР ќе интервенира во БиХ ако дојде до судири

Сподели

Мировните сили на Европската унија (ЕУФОР) во БиХ ги предупредија домашните лидери дека се подготвени во кус рок да интервенираат доколку дојде до нови судири во БиХ, пренесува сараевскиот портал Кликс. ЕУФОР во БиХ има распоредено 800 војници.

– Многу нешта се постигнати, но многу може и да се изгуби, изјави командантот на ЕУФОР во БиХ генерал-мајор Антон Валднер.

Валднер истакна дека политичките лидери го имаат најмоќниот клуч во своите раце, и оти ЕУФОР се уште го има правото во многу кус период значително да го зголеми бројот на војници на просторот на БиХ.

Новиот шеф на операции на ЕУФОР генерал Џејмс Еварард изјави дека постои игра на надворешно влијание во поширокиот регион на Западен Балкан и оти во случајот на БиХ, тие игри можат да влијаат на напредокот на земјата.