Вести Свет

Европската комисија со амбициозен пакет реформи

Сподели:

eu-flagge_06

Европската комисија претстави амбициозен пакет реформи на корпоративниот данок, што, како што се тврди, ќе пружи поттик на економијата и ќе ги намали злоупотребите.

Овој план доаѓа по серијата даночни скандали кои предизвикаа гнев кај јавноста.

„Предлагаме систем кој во исто време може да ги поддржи фирмите, да привлече инвеститори, да го промовира стопанскиот раст и да спречи избегнување на плаќање на данок” – се наведува во соопштението на европскиот комесар за економски прашања и финансиски работи Пјер Московиси.

Сподели: