ФРАНЦИЈА НАЈАВИ ФОРМИРАЊЕ НА НАЦИОНАЛНА ГАРДА

Сподели

Fransoa-Oland

Францускиот претседател Франсоа Оланд денеска најави формирање на национална гарда, која би им помогнала на безбедносните сили во борбата против зачестените терористички напади во земјата.

„Претседателот на републиката одлучи дека националната гарда ќе биде формирана од постојните оперативни резерви“, се наведува во соопштението од Елисејската палата.

Соопштението е издадено по состанокот на Оланд со пратениците специјализирани за оваа област.

Како што е наведено, парламентарните консултации за формирање на овие сили ќе бидат одржани во септември, за гардата да може да биде формирана што побргу и за да може да ја штити Франција.
Се очекува гардата да биде оперативна на почетокот на есента.