Вести Свет Топ теми Ударни вести

Германија и Франција сo заедничка позиција за реформи на еврото

Сподели:

Германија и Франција се договорија за заедничка позиција за реформи на еврото најдоцна до јуни, и покрај германската колебливост во врска со поголема монетарна унија. Ваквиот став е договорен при вчерашната посета на францускиот претседател Емануел Макрон на Берлин. Макрон претходно ги прифати идеите на Европската Комисија, за создавање заеднички систем за гарантирање на депозитите, ЕУ фонд за спасување, како и буџет на Еврозоната и министерство за финансии.

Реформите се чекори кои треба да покажат дека ЕУ може да живее политички и без Обединетото Кралство и да спречи повторување на финансиска криза како таа од 2008 година.

Сепак, Германија е сè уште колеблива во поглед на финансирање од својот буџет на ваквите крупни зафати. И покрај ентузијазмот на францускиот претседател, кој повика на финансиска стабилност и опсежно зборуваше за реформите, Меркел беше поповлечена.

– Секогаш има различни појдовни точки кога станува збор за ставовите на Германија и Франција. Потребни ни се отворени дебати и ни треба подготвеност за компромис – изјави Ангела Меркел.

Сподели: