Германија: Претрес поради дојава за планиран бомбашки напад

Сподели

Германската полиција спроведе рација во стан во зграда во источниот дел на Кемниц по дојавата за планирање бомбашки напад

БЕРЛИН (АА) – Германската полиција спроведе рација во стан во зграда во источниот дел на Кемниц по дојавата за планирање бомбашки напад, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата соопшти дека се спроведе рација во стан кратко време по дојавата и евакуацијата на околните куќи, пренесува германската агенција ДПА.

Полицијата не откри кој би можел стои зад наводниот планиран напад и не соопшти повеќе детали за случајот.