Хашим Тачи во Брисел ќе побара визна либерализација за граѓаните на Косово

Сподели

 

Косовскиот претседател Хашим Тачи, денеска и утре ќе престојува во Брисел, каде ќе биде примен од високи претставнци на ЕУ, пренесува МИА.

Во официјалното соопштение, од неговиот кабинет, стои дека за време на дводневниот престој во Брисел, Тачи ќе побара од ЕУ заживување на визната либерализација за граѓаните на Косово.

Претседателот Тачи ќе биде примен и од Претседателот на Советот на Европа, Доналд Турк, со кого ќе разговара за европските итегративни процеси на Косово.

За време на престојот во Брисел, се наведува во соопштението, Тачи ќе побара од ЕУ заживување на визната либерализација за граѓаните на Косово и забрзување на процесот за зачленување на Косово во ЕУ.