Холандската Влада има намера да изготви закон, што ќе ја одобрува евтаназија на луѓето за кои се сметадека „животот им е завршен“ без да се болни во термална фаза од болеста, пренесуваат британските медиуми.
Во писмо до Парламентот министрите за здравство и за правда наведуваат дека претстои прецизирање на деталите, но дека на луѓето кои „направиле темелна проценка дека животот им е завршен треба да им се дозволи, согласно строги и грижливо формулирани критериуми, да го завршат животот на достоинствен начин“.