Вести Свет

Хрватска доби нов претседател – Зоран Милановиќ

 

На претседателските избори во Хрватска, со излезеност од 55%, Зоран Милановиќ освои 52,69%, а досегашната хрватска претседателка Колинда Грабар Китаровиќ 47,31% од гласовите.

Кандидатот на левиот центар Зоран Милановиќ победи во повеќето поголеми градови и окружни центри во вториот круг од претседателските избори.

Новоизбраниот хрватски претседател Зоран Милановиќ беше Премиер на Хрватска од 2011 до јануари 2016 година и претседател на СДП од 2007 до 2016 година.

Сподели: