Илјадници луѓе на улиците на Турција за поддршка на Ердоган

Сподели

turtsija

Илјадници луѓе синоќа се собраа во истанбулскиот кварт Кисикли во знак на поддршка на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Собраната маса луѓе со турски знамиња се одѕва на повикот на Ердоган да излезат на улиците.

Ердоган има куќа во квартот Кисикли кој се наоѓа на азиската страна на Истанбул.
Светските медиуми јавуваат дека луѓе се собирале и во Анкара пред џамијата Бестепе за да ја заштитата од напади од поддржувачите на опозицискиот лидер Фетула Ѓулен.

Ердоган вчера од Истанбул пристигна во Анкара каде што во националниот парламент беше дочекан со аплауз.

Во зградата на парламентот која беше оштетена за време на обидот за државен удар, одржана беше вонредна седница кој започна со една минута молк, по што беше интонирана националната химна.

На седницата присуствувал и премиерот Бинали Јилдирим, како началникот на генералштабот Хулуси Акар кој претходната вечер беше држен како заложник.

Јилдирим во обраќањето пред пратениците вети нов почеток, а пучистите ги нарече „терористи“. Тој и се заблагодари на опозицијата и на граѓаните, а 15 јули го нарече иден празник на демократијата.

Ердоган претходно изјави дека после обидот за пуч, ќе побара од американскиот претседател Барак Обама за го екстрадира Ѓулен.

meta.mk