Вести Свет

Извршена евакуација во универзитет во Канада поради закана од бомба

По заканите по животот на студенти муслимани дојде до евакуација на речиси 4.000 студенти од Универзитетот „Конкордија“ во Монрела.

Преку електронска пошта до Универзитетот и локалните медиуми, пристигнала закана дека Советот на конзервативни граѓани во Канада, ќе фрли неколку рачно изработени експлозиви во Универзитетот, во знак на протест против присуството на студенти муслимани.

– Сега откако американскиот претседател Доналд Трамп е на власт јужно од нашата граница, нештата се променија. Повеќе нема да го трпиме вашето однесување, навела групата за односите на студентите муслимани во својот маил.

Три згради на Универзитетот биле евакуирани и во нив бил извршен претрес од страна на силите на редот, но не се откриени експлозивни направи, изјави неименуван претставник на полицијата во Монреал, пренесува БТА.

Ректорот Алан Шепард изрази жалење за инцидентот во Универзитетот, каде се примаат студенти од 150 земји.

Сподели: