Јапонија со остар протест против балистичките ракети на С.Кореја

Сподели

Јапонија изрази „остар протест“ откако Северна Кореја истрела четири балистички ракети во морето во близина на источнотокрајбрежје, изјави јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Тој истакна дека три од ракетите паднале во екслклузивната економската зона на Јапонија, што е 200 наутички милји од брегот.

– Тоа е сериозна закана за безбедноста на нашата земја и ние остро ги осудуваме таквите дејствија на Северна Кореја. Истрелувањето ракети е очевидно нарушување на резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Ова е крајно опасна ситуација, нагласи Абе.

Според него, „денешните ракетни истрелувања покажуваат целосно ново ниво на закана“. Абе додаде дека ќе свика вонредна седница на Советот за национална безбедност.