Вести Македонија Ударни вести

ЈП Паркови и зеленило апелира да не се пали оган на отпад и друг горлив материјал

Сподели:

 

Поради високите температури кои периодов го зафатија скопското подрачје, и известувањата за зголемена опасност од настанување на пожари на отворен простор, ЈП Паркови и зеленило апелира на зголемена будност и мобилност до сите граѓани.

При престој на јавните површини да не се пали оган на отворен простор, да не се фрлаат пластични и стаклени шишиња, да не се врши палење на отпад и друг горлив материјал и да не се фрлаат отпушоци од цигари и догорчиња, спречувајќи нескани последици од пожари кои претставуваат потенцијална опасност за животната околина, апелираат од ЈП Паркови и зеленило.

Сподели: