Јункер: Голема е опасноста да пропадне договорот меѓу ЕУ и Турција

Сподели

eu-comission-president-greece-comments

Постои голем ризик договорот меѓу ЕУ и Турција за спречување на бегалскиот бран кон Западна Европа да не успее, оцени претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер.

– Опасноста е голема. Успехот на договорот досега е слаб. Претседателот Реџеп Таип Ердоган веќе неколку пати истакна дека би сакал да го преразгледа – истакна Јункер, додавајќи дека ако тоа се случи, „може да се очекува мигрантите повторно да тргнат кон Европа“.

Договорот меѓу Турција и ЕУ го ограничи приливот на бегалци и мигранти кон западноевропските земји, но по пропаднатиот обид за воен пуч, извршен на 15 јули, Ердоган во неколку наврати изјави дека ЕУ не си ги исполнува своите обврски, особено околу финансиската помош и оти договорот можно е повторно да биде ставен на разгледување.