Канада: Безуспешна потрагата по туристите од САД затрупани во лавина

Сподели

Во Националниот парк Банф, во канадската покраина Алберта, лавина затрупа двајца туристи од САД. И покрај големите напори на спасувачките служби, нивните тела сѐ уште не се пронајдени, јавува Anadolu Agency (AA).

Портпаролот на канадската Кралската коњичка полиција (RCMP) Куртис Питерс, изјави дека двајцата туристи од Бостон дошле на одмор во Лејк Луис. Тие во вторникот требало да се одјават од хотелот, но откако не се појавиле, била започната потрага по нив.

Питерс изјави дека нивното возило е пронајдено на автопат, и дека на подрачјето каде што започнала лавината биле забележани два радиосигнала.

„Претпоставуваме дека двете лица го оставиле автомобилот покрај патот, па потоа пешачеле. Сѐ уште не ги пронајдовме нивните тела, но на семејствата им јавивме дека загинале“, изјави Питерс

Тој додаде дека се работи за терен којшто е многу недостапен, и дека на тоа подрачје во изминатите три месеци загинале четири лица.

Anadolu Agency