Вести Свет

Казахстан: Астана, домаќин на глобалната конференција за нуклеарно разоружување

Сподели:

thumbs_b_c_69edd79e54486bc806d83758b444c8dd

АНКАРА (АА) – Меѓународната нуклеарна конференција за разоружување, „Градење на свет без нуклеарно оружје” ќе се одржи утре во главниот град на Казахстан, по повод 25-годишнината од затворањето на местото за нуклеарни проби Семипалатинск, јавува Anadolu Agency  (AA).

На конференцијата ќе присуствуваат функционери, експрети за разоружување и аналитичари од областа, од целиот свет. Конференцијата ќе ја отвори претседателот на Казахстан Нурсултан Назарбајев.

Како ко-организатори на конференцијата се Сенатот на Казахстан, Министерството за надворешни работи и парламентарците за нуклеарно неширење и разоружување (PNND).

Меѓу темите на конференцијата ќе бидат „ Безбедноста без нуклеарно оружје и војна: ‘Светски манифест за 21. век’” и „Националната забрана и слободните зони за нуклеарно оружје. Географијата на одржливиот свет”.

На 29 август 1991 година, претседателот Назарбајев официјално го затвори нуклеарното место за тестирање Семипалатинск (попознато како „Полигон”), кое беше примарно место за тестирање на нуклеарното оружје на Советскиот Сојуз.

Сподели: