Кинескиот Парламент отстрани 45 пратеници од североисточната провинција Лиаонинг заради изборни измами, јави ДПА.
– Одлуката покажува дека Кинеската комунистичка партија пројавува нулта толеранција кон поткупувањето и купувањето гласови, се вели во редакциската статија на весникот на партијата, „Пиплс дејли“.
Кинеската државна телевизија јави дека „ова е случај без преседан во историјата на Кинеската народна република, која е формирана во 1949 година“.