Летно кино на КИНОТЕКА, 31.јули СТУДЕНА ВОЈНА во режија на Павел Павликовски
Филмот СТУДЕНА ВОЈНА кој освои „Златна палма“ за режија во Кан минатата година и беше еден од најсериозните кандидати за Оскар, со бројни одлични критики низ целиот свет, ќе го погледенеме утре во Летното Кино на Кинотека.
Почеток:21:00 ч. Влезница 100 ден.
*„Студена војна“ ја користи фабулата во манир на рондо, кое ги носи актерите низ спиралата во која постојано се судираат со судбината и со политиката. Павликовски прави фина алегорија на некогаш популарната „емигрантска култура“ на уметниците и интелектуалците од Источна Европа и Советскиот Сојуз, кои пребегнуваа на Запад. Затоа во неговиот филм е присутна атмосферата на романот „Неподнослива леснотија на постоењето“ на Милан Кундера.