КЛИНТОН ГО ПОБЕДИ ТРАМП ВО ПРВАТА ТВ ДЕБАТА

Сподели

gty_donald_trump_hillary_clinton_sk_150619_16x9_992

Кандидатот за претседател на Демократската партија на САД, Хилари Клинтон, е победник на првата телевизиска дебата со кандидатот на републиканците Доналд Трамп, пренесе ТАСС. Руската агенција се повикува на резултатите од анкетата која ја спроведе „Си-Ен-Ен“, направена веднаш по завршувањето на дебатата.

Имено, 62 отсто од анкетираните ја посочиле Клинтон за победник, додека 27 проценти сметаат дека Трамп е подобар. При објавувањето на резултатите од анкетата, водителот на „Си-Ен-Ен“ истакна дека 41 процент од анкетираните биле приврзаници на Демократската партија, а 26 отсто на Републиканската партија.