На промотивната конвенција на коалицијата “ВМРО за Македонија“ од салата на Македонската опера и балет беа упатени пораките до граѓаните да се обединат, да не ги делат партиите и да не внесуваат омраза помеѓу нив. Од МОБ, Љубчо Георгиевски порача дека оваа коалиција ќе освои најмалку 15 пратенички места и упати апек доколку граѓаните сакаат демократија никако не смеат да дадат 63 пратеници на ниту една партија, пренесуваa1 on.mk
-Во минатите две години гледавме жестока битка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, без сомнение главната вина беше кај власта, но знаеја да иритираат и од опозицијата. Во целата криза кај многу луѓе се создаваше мислење-ни треба алтернатива, ни треба некој трет, и еве ние сме тие. Има и некои други партии кои лажно се претставуваат како трет блок, но народот брзо ќе дознае кој е третиот блок во Република Македонија, рече Георгиевски.
Најправилно ќе биде ако не викате “ВМРО за Македонија“, и во таа насока исто можеме да кажеме дека сме единствени, иако има и други партии кои лажно се претставуваат дека ја носат идејата за ВМРО, но без сомнение изворната идеја и луѓе на ВМРО се овде и никаде на друго место, рече Љубчо Георгиевски.
ВМРО-ДПМНЕ бараат 63 пратеника, СДСМ исто 63 пратеника, сакаме од овде да им кажеме на граѓаните-најголемата опасност за Македонија ќе биде ако им дадете 63 пратници, дали на едните или другите. За обичниот граѓани тоа ќе гарантира реваншизам, тензии, и затоа ние сме тука да ја балансираме новаата власт во Македонија, рече Георгиевски.
Љубе Бошкоски од МОБ порача дека треба да се стави крај на поделбите и омразата кај народот.
-се поделивме на подобни и неподобни, на патриоти и предавници, се поделивме по сите основи, но тука сме вечерва да кажеме збогум на сите делби. Ако се враќаме, единствена поента за доаѓање на власт не треба да биде мотивот за реваншизмот и омразата, затоа што таму, и во СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ има наши браќа кои масовно ќе гласаат за коализијата “ВМРО за Македонија“, рече Бошкоски.
Стојанче Ангелов во говорот се осврна на бранителите за кои кажа дека ниту еден не бил обештетен од оваа власт. Тој изрази задоволство што рамо до рамо ќе се бори повторно со Георгиевски и Бошкоски во завршната битка за Македонија.
-Ние доаѓаме, доаѓаме заедно, војводата, братот и генералот против лопатарот, рече Стојанче Ангеловски.
Враќање на достоинството на обичниот човек, враќање на демократијата која беше згазена од владејачката коалиција, повисок стандард и влез во ЕУ беа дел од пораките кои ги упатија носителите на листи на „ВМРО за Македонија“ во обраќањето кон своето членство.
На претстојните избори, Ден Дончев ќе се трка во првата изборна единица, Љупчо Балковски во втората. Лидерот на „Достоинство“ Стојанче Ангелов е носител во тројката, а стариот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски ќе се трка во четворката. Љубе Бошкоски ќе биде носител во петата изборна единица, додека шестката и седмицата се резервирани за Зоран Велковски и Стојадин Наумовски од Достоинство.