Вести Свет

Куртулмуш: Вонредната состојба во Турција се продолжува за 90 дена

Сподели:

Вицепремиерот на Турција Куртулмуш соопшти дека Советот на министри донесе одлука за продолжување на вонредната состојба во Турција за уште 90 дена

thumbs_b_c_12d12229faa4a946923d28d124b0b456

АНКАРА (AA) – Заменик премиерот на Турција Нуман Куртулмуш во понеделник изјави дека на состанокот на Владата на Турција е донесена одлуката вонредната состојба во земјата да се продолжи за 90 дена, јавува Anadolu Agency (AA).

Истакна дека Турција бара американските власти да го приведат и уапсат лидерот на терористичката организација ФЕТО, Фетула Ѓулен.

„Во врска со испорачувањето на Ѓулен, Турција како земја која има стратешки партнерства со САД на сите полиња, а посебно како земја која постигна спогодба со САД за испорачување на обвинетите лица, бара спомнатото лице да се уапси за да биде испорачано на Турција”, им рече Куртулмуш на новинарите во Анкара, во моментите додека траеше состанокот на Владата со која претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Потсети дека турските власти на 10 септември испратиле документација со која се бара апсење на лидерот на ФЕТО, изразувајќи надеж дека американските власти во најскоро време ќе одговорат на барањето. Се изврна и на сириската криза напоменувајќи дека е важно локалните сили да учествуваат во операциите во Мосул и Рака.

„Ако ќе се изведуваат операции во Мосул и Рака, многу е важно локалните сили, составени од единиците од тие градови да бидат на теренот. Исто така е важно меѓународната коалиција да ги поддржи едицините кои би ги сочинувале локалните сили. Во тој контекст. Турција размислува за продолжување на операциите во Рака и Мосул, но и во другите места, но никако не смее да се дозволи тие подрачја да ги преземат другите терористички организации додека од таму се отстрануваат елементите на ДАЕШ”, рече Куртулмуш.

На крајот напомена дека Турција ќе ја продолжи борбата против сите терористички организации.

„Истовремено, Турција ќе делува во правец на нов зафат за да ги оствари предвидените цели до 2023 и 2053 година. Место каде ќе се покренуваат тие иницијативи е Големото народно Собрание на Турција”, рече Куртулмуш.

Додаде дека турските власти во наредниот период ќе продолжат со реформите за да дополнително се подобрат демократските стандарди и економскиот напредок. Подвлече дека во рамките на операцијата Штитот на Еуфрат ќе бидат продолжени напорите против милитантите на ДАЕШ на северот на Сирија.

„Во таа смисла, Турција и дава поддршка на Слободната војска на Сирија. Според наше мислење, операцијата продолжува многу успешно. Операцијата ‘Штитот на Еуфрат’ е првенствено борба против ДАЕШ, и сигурно ќе биде одлучно продолжена”, рече Куртулмуш.

Сподели: