Лавина во Јапонија, повредени 40 лица

Сподели

Во скијачки центар во Јапонија се урна лавина во која се повредени околу 40 лица, јавува Anadolu Agency (AA).

Информативната агенција Кјодо објави дека на 120 километри северно од Токио, во скијачкиот центар Насу Онсен во префектурата Точиги се урнала снежна лавина.

Спасени се околу 40 лица кои се стекнале со повреди од лавината. Се истакнува дека меѓу повредените, 8 ученици средношколци се во тешка состојба.

Регионалната влада на префектурата Точиги побарала од силите за цивилна заштита да испратат спасувачки екипи на местотот на несреќата во Насу.

Во скијачкиот центар каде што се случила несреќата престојувале повеќе од 60 ученици од 7 средни училишта.

Поради лошите временски услови во подрачјето, спасувачките екипи не успеваат да ја дадат потребната помош.

Премиерот Шинзо Абе изрази жалење поради несреќата, и додаде дека владата на секаков начин ќе им помогне на погодените од лавината.