Вести Свет

Лидерите на Самитот Г20 со завршна декларација

Сподели:

ХАНГЏОУ (АА) – Во кинескиот град Хангџоу се одржа 11. Самит на лидери на Г-20. По одржаните средби беше донесена завршната декларација, јавува Anadolu Agency (AA).

На Самитот на лидери на Г-20, на кој претседателот Реџеп Таип Ердоган ја претставуваше Турција, во која се истакнува дека е потребно зголемување на меѓународната трговија и зајакнување на развојот, искоренување на сиромаштијата, универзален и одржлив глобален развој, иновативен економски раст, заедничка борба против тероризмот и зголемување на вработеноста.

– Иновативен модел на развој –

Земјите од Г-20 ја истакнаа важноста на одржувањето на краткорочниот економски раст, укинување на ограничувањата во снабдувањето и рекоа дека е потребно да се откријат потенцијали на среден и на долг рок. Беше посочено дека е потребно да се зголеми соработката за иновативен модел на глобално ниво, зголемување на меѓународната трговија и инвестициите, создавање техничка инфраструктура и давање на потребната поддршка на полето на енергијата и човечките ресурси кај земјите во развој.

Во декларацијата се вели дека земјите-членки се согласни околу осамостојувањето и олеснувањето на инвестициите и трговијата на глобално ниво, и по ова прашање до крајот на годината ќе биде направен план на активности. Релевантните трговски организации беа повикани на сличен начин да ги спроведат барањата.

Беа направени проценки околу потребните чекори што треба да се направат околу проектот „Искоренување на сиромаштијата во светот до 2030 година“, кој започна под раководство на Обединетите нации (ОН).

– Структурни реформи –

Во декларацијата се наведува дека се воведуваат структурни реформи коишто се од витално значење за одржливоста на Г-20 и исполнување на целите за силен и стабилен економски пораст. Реформите се дадени во деветте точки:

1. Заживување на меѓународната трговија и инвестиции;

2. Поттикнување реформи во вработувањето, образованието и искористување на вештините;

3. Поттикнување иновации;

4. Подобрување на инфраструктурата;

5. Поддршка на финансиските реформи;

6. Поддршка на конкуренцијата и подобрување на околината за трговија;

7. Подобрување и зацврстување и на финансискиот систем;

8. Зајакнување на одржливоста на животната средина;

9. Поддршка на сеопфатниот развој.

– Воведување на јуанот во пакетот на СДР –

На Самитот станало збор и за зголемената побарувачка од производство на челик, истакнувајќи дека тоа е глобален проблем, за кој е потребно сите страни да разгледаат еден сеопфатен процес на консултации. Се очекува Извештајот за напредок, подготвен од страна на Светскиот економски форум, да им биде предаден на надлежните министерства на земјите од Г-20 за самитот што ќе се одржи во 2017 година.

За специјалното право (SDR) на Меѓународниот монетарен фонд (IMF), кинеската парична единица јуан да ја земе во својот пакет, беше упатен повик да се изработи сеопфатна финансиска и статистичка анализа во врска со СДР.

– Брексит –

Беше посочено дека одлуката Англија да излезе од ЕУ (Брексит), на глобално ниво донесе несигурност. Затоа земјите од Г-20, на еден ефикасен начин се подготвени за економските и финансиските резултати што Брексит ќе ги предизвика во светската економија. Во декларацијата стои: „Г-20 се надева дека во иднина Англија ќе биде близок партнер на ЕУ“.

– Борба со глобалниот тероризам –

Во декларацијата се истакнува заедничката борба против тероризмот, независно каде ќе се појави, елементите како што се неговите финансиски извори и техничка поддршка ќе бидат ставени под изолација. Од друга страна, беше истакнато дека е потребно во заедничката борба против тероризмот сите земји да го спроведат дадениот збор околу прашањата за вршење размена на информации, замрзнување на имотите на терористите и примена на потребните казни.

Сподели: