Макрон: Прерано е за преговори со Северна Македонија

Сподели

 

Францускиот претседател Емануел Макрон смета дека Северна Македонија и Албанија треба уште малку да се стрпат пред да добијат одобрение за почеток на преговори со ЕУ, пренесува Дојче веле.

На заедничката прес-конференција со германската канцеларка Ангела Меркел по состанокот на двете влади во Тулуз, Макрон прифати дека двете земји направиле значителен напредок во домашните реформи, но тоа, засега, не е доволно.

За разлика од него, Меркел оцени дека има уште малку простор до утре на самитот на ЕУ, двете земји да се усогласат.

„Ја споделувам истата геополитичка и стратешка визија со германската канцеларка. Сакам да испратам позитивен сигнал до овие лидери, но сериозно погледнато сега јас морам да им порачам: Овојпат нам ни е потребно малку повеќе време за да ги средиме работите,“ рече Макрон.

Дојче веле

фотографија youtube