Меј на средби со Меркел и Макрон за Брегзитот

Сподели

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин, а потоа во Париз со францускиот претседател Емануел Макрон.

Средбите се закажани на ден пред самитот на ЕУ, на кој треба да биде решено за барањето на Британија за ново одложување на Брегзитот. Брисел треба да донесе одлука дали ќе прифати одложување на британското излегување од Европската унија што е предвидено за 12. април – пренесе РСЕ.