Околу 1.500 Мексиканци, формирајќи жив штит, протестираа поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да изгради ѕид долж границата на САД со Мексико.
– Рака за рака, ние го покажавме националното единство, кое не прави разлика меѓу луѓето, изјави мексиканскиот сенатор Армандо Риос Питер, кој присуствуваше на протестот заедно со други политичари и со студенти.
Трамп претходно изјави дека изградбата на ѕидот долж границата ќе започне за неколку месеци и дека САД очекува парите за изградбата да бидат вратени од Мексико.