Вести Свет

Меркел: Германија и САД имаат заеднички интереси

Сподели:

БЕРЛИН (АА) – Германската канцеларка Ангела Меркел соопшти дека сирискиот претседател Башар ал Асад не може да биде нивен сојузник, јавува Anadolu Agency (AA).

Меркел, по средбата со претседателот на САД Барак Обама, одржа заедничка прес-конференција, на која истакна дека Асад е лице кое го бомбардирал сопствениот народ, и додаде: „Асад како претседател со барелни бомби на најстраотен начин го бомбардираше сопствениот народ. Кога се набљудува човечката драма во Алепо, се сеогледува неговата одговорност за тоа“.

Зборувајќи за сиријските бегалци во Германија, Меркел рече дека претежно се лица кои избегале од режимот на Асад. „Најголем дел се лица кои избегаа од Асад. Не избегаа ниту од ДЕАШ. Затоа, од мој аспект, Асад не може да биде сојузник“, изјави Меркел.

– „Тешко е простувањето од Обама“

Канцеларката Меркел, истакна дека тешко и паѓа простувањето од претседателот на САд Барак Обама.

Меркел истакнувајќи го крајот на мандатот на Обама, рече: „Се разбира дека разделбата е тешка. Доколку со некого имате добра соработка, тогаш разделбата секогаш е тешка. Ние сите сме политичари. Демократијата живее со промени. По ова прашање Уставот на САД е јасен. По 8 одини доаѓа нов претедател. Доколку сакаме да се видиме приватно, не постојат пречки во патувањата меѓу двете земји. На крајот, не се разделуваме од оваа земја“.

„Доколку за Германија и заедничките интереси се потребни добри трансатлански односи, секогаш ќе гледаме напред“, рече канцеларката Меркел, истакнувајќи дека Германија и САД имаат добра соработка, која е од заеднички интерес и верува дека овие заеднички вредности ќе бидат применети за секој претседател. Ангела Меркел, истакна дека за добра соработка со новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, ќе напраи сѐ што е во нејзина моќ.

Меркел потсети дека по Втората светска војна, САД многу и помогнала на Германија.

„По соединувањето, Германија стана посилна во спроведувањето на задачите кои и се дадени“, рече Меркел.

На прашањето дали следната година на изборите во Германија Меркел планира повторно да се кандидира, таа одговори дека кога ќе дојде време ќе даде за тоа изјава.

Сподели: