Вести Свет

Меркел ја покани Меј во Берлин

Сподели:

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска соопшти дека ја поканила новата британска премиерка Тереза Меј на разговори во Берлин и порачала дека се радува на нивната соработка.

– Наша задача е тесно да соработуваме со владите на сојузничките земји – рече Меркел на прес-конференција во киргистанскиот главен град Бишек, додавајќи дека бројните проблеми во светот ја направиле таквата соработка неопходна.

Меркел истакнала дека синоќа, преку телефон, разговарала со Меј.

Германската канцеларка, сепак, одби да ја коментира ненадејната одлука на Меј да го именува неодамнешниот градоначалник на Лондон, Борис Џонсон, за нов министер за надворешни работи на Велика Британија.

Меј непосредно по стапувањето на должност разговарала со Меркел и со францускиот претседател Франсоа Оланд, на кои им рекла дека на нејзината влада ќе ѝ биде потребно време пред да почне да преговара за излез на Британија од ЕУ.

meta.mk

Сподели: