Вести Македонија

Меркел не е загрижена поради заканите на Ердоган

Сподели:

merkel-erdogan

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска рече дека не е загрижена поради заканите на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган за блокирање на Договорот меѓу Европската Унија и Турција, што значително може да го зголеми приливот на бегалци кон Европа.

– Не сум загрижена, само ни е потребно повеќе време – изјави Меркел по состанокот на нејзиниот Кабинет.

Анкара се согласи да прими назад бегалци од Европа и да го сопре приливот кон ЕУ, но за возврат побара визна либерализација и финансиска помош.

Преговорите за визната либерализација заглавија кај барањето на Брисел, Анкара да ја стесни дефиницијата за тероризам и да ги усогласи антитерористичките закони со легислативата на Унијата.

Анкара се противи на ваквото барање и објаснува дека европските механизми за борба против тероризмот се несоодветни и неприменливи во Турција, пред се поради начинот на кој се борат припадниците на курдските милитанти и на Исламска држава.

ЕУ засега останува цврсто на ставот дека без измена на турските закони за антитероризам, не возможно е да се донесе одлука за визната либерализација.

Извор:meta.mk

http://meta.mk/merkel-ne-e-zagrizhena-poradi-zakanite-na-erdogan/

Сподели: