Меркел предупреди на можен хаос во Европа поради Велика Британија

Сподели

БЕРЛИН (АА) – Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека со дозволата Велика Британија да го задржи целосниот пристап до внатрешниот пазар на Европската Унија (ЕУ), а да ја ограничи миграцијата од ЕУ, на Европа ќе ѝ донесе хаос, пренесува Anadolu Agency(AA).

Обраќајќи се на главната германска индустриска лобистичка организација, Меркел ја истакна важноста на одржувањето на европските темелни слободи, што вклучува слободно движење на граѓаните на Унијата.

Британската премиерка Тереза Меј објави дека Велика Британија до крајот на март 2017 година ќе започне формален процес за излез од ЕУ, со приоритет на контрола на миграцијата.

„Ако не кажеме дека целосниот пристап до внатрешниот пазар е поврзан со целосно прифаќање на четирите основни слободи, процесот ќе се прошири низ Европа, во кој секој ќе прави што сака“, рече Меркел.

Околу 46 милиони Британци, на 23 јуни оваа година, преку референдум одлучија нивната земја да ја напушти ЕУ, по што голем број аналитичари изјавија дека ова ќе биде „најголем удар за обединувањето на Европа“ во историјата на нејзиното постоење.