Вести Свет

Министерството за надворешни работи на Турција суспендира 88 службеници поврзани со пучистите

Сподели:

Чавушоглу денес го посети Одделот за специјални сили на Турција во Ѓолбаши, Анкара, а потоа во изјава за медиумите рече дека меѓу суспендираните службеници на Министерството се и двајца претходно сменети амбасадори.

thumbs_b_c_a54f0a69367d8345c631c24b28e2f770

АНКАРА (AA) – Денес, министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу соопшти дека во рамките на истрагата во врска со обидот за пуч на терористичката организација на Фетулах Ѓулен/Паралелни државни структури (ФЕТО/ПДЈ), од должност се разрешени вкупно 88 службеници од тоа Министерство, јавува Anadolu Agency (AA).

Чавушоглу денес го посети Одделот за специјални сили на Турција во Ѓолбаши, Анкара, а потоа во изјава за медиумите рече дека меѓу суспендираните службеници на Министерството се и двајца претходно сменети амбасадори.

Тој додаде дека еден службеник на конзулатот во украинскиот град Казан избегал во Јапонија.

„Сите потези ги правиме со големо внимание. Формиравме комисија и го продолжуваме тој процес. Соопштуваме дека во наредните денови ќе има нови разрешувања во Министерството за надворешни работи. Моментално се под истрага неколку амбасадори и чекаме неопходни нови документи и докази врз основа на кои ќе донесеме одлуки“, рече шефот на турската дипломатија Мевлут Чавушоглу.

Истакнувајќи дека во Турција продолжува борбата против учесниците на крвавиот обид за воен удар, Чавушоглу рече дека сега е време „да се плати сметката“.

Тој додаде дека Турција во декември минатата година достави извештај за терористичката организација ФЕТО/ПДЈ до Европската Унија и до другите меѓународни организации, и по претходните обиди за државен удар.

„Не сакаа тоа да го прифатат, особено нашите пријатели во Европа. Имено, за жал не можеа, ниту сакаа да ја прифатат реалноста дека постои таква закана“.

Чавушоглу ја критикуваше Европа и за нејзините критики кон Турција под изговор на наводните непочитувања на слободите на говорот и медиумите, и додаде дека актуелните истраги против некои новинари во Турција не се водат поради слободата на говорот, туку поради тоа што ги фалсификувале доказите и дискредитирале други луѓе.

„Можеме ли да прифатиме новинарите со своите легитимации да прават што сакааат и да вршат кривично дело какво што ќе сакаат? Сега уште и се вклучени во обидот за пуч. Таквите дела не можат да се кријат зад професијата новинар”, заклучи Чавушоглу.

Сподели: