Вести

Министрите на ЕУ ја повикаа Британија што е можно поскоро да излезе од унијата

Сподели:

stajnmaer-zemji-osnovaci-na-EU

Шефовите на дипломатиите на шесте земји членки основачи на Европската Унија денеска по состанокот во Берлин со заедничка изјава порачаа дека очекуваат од Владата на Велика Британија да се изјасни и да ја спроведе одлуката од референдумот за излез од ЕУ, што е можно поскоро.

„Одредбите од Лисабонскиот договор (членот 50) предвидуваат одредена постапка во процесот на заминување. Ние сме подготвени да работиме со институциите откако преговорите ќе почнат со цел да ги дефинираме и разјасниме идните односи меѓу ЕУ и Велика Брутанија“, стои во заедничката изјава на претставниците на Германија, Франција, Италија, Белгија, Луксембруг и Холандија.

 

Шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмаер на прес-конференцијата по состанокот изјави дека процесот треба да почне што е можно поскоро за да не останат останатите членки во лимбо ситуација туку да можат да се „концетрираат на иднината на Европа“.

„Ние остануваме на нашето цврсто убедување дека Европската Унија овозможува историски уникатна и незаменлива рамка за обезбедување на слобода, просперитет и безбедност во Европа, за обликување на мирни и взаемно корисни врски меѓу нејзиниот народ и за придонес кон мирот и стабилноста во светот. Ние ќе продолжиме со нашите напори за посилна и кохезивна Европска Унија со 27 земји-членки, обединети околу заедничките вредности и владеењето на правото“, стои во заедничката изјава.

Во меѓувреме, како што пренесува „Би-би-си“, германската канцеларка Ангела Меркел во врска со процесот на напуштање на Велика Британија на ЕУ, изјавила дека тој не треба да трае вечно, но дека таа нема намера да притиска за кратки рокови.

„Нема потреба да бидеме особено непријатни на било кој начин во преговорите, тие мора да се спроведуваат правилно“, изјавила Меркел.

http://meta.mk/ministrite-na-eu-ja-povikaa-britanija-shto-e-mozhno-poskoro-da-izleze-od-unijata/

Сподели: