Вести Свет

Напад врз Американскиот универзитет во Авганистан, 13 загинати

Сподели:

Сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот. Не се знае дали во нападот има загинати странски државјани

thumbs_b_c_044d466895de1c47c14c9834f0e7e707

КАБУЛ (АА) – Завршија престрелките кои почнаа синоќа по нападот врз Американскиот универзитет, сместен во Дарул Аман, кој се наоѓа во подрачјето на главниот град на Авганистан, Кабул, јавува Anadolu Agency (AA).

Шефот на полициски оддел во Кабул, Фераидун Убеиди, во својата изјава за дописникот на АА соопшти дека двајца напаѓачи во вечерните часови пред влезот на Американскиот универзитет активирале експлозив кој се наоѓал во возило, по што влегле во зградата на универзитетот.

Убеиди соопшти дека напаѓачите по влезот во универзитетот, отвориле оган од огнено оружје отвориле оган, а по доаѓањето на специјалните единици започнале судири.

Во судирите кои траеа до раните утрински часови, двајцата напаѓачи се онеспособени, истакна шефот Убеиди, соопштувајќи дека во нападот животот го загубиле 13 лица, од кои седуммина студенти на Универзитетот.

Убеиди рече дека во нападот се ранети 43 лица, од кои поголем број се студенти.

Сѐ уште никој не ја преземал одговорноста за нападот. Не се знае дали во нападот има загинати странски државјани.

На Американскиот универзитет во Кабул студираат 1.700 студенти.

Сподели: