Вести Свет

Нов хуманитарен конвој на ОН влезе во Сирија

Сподели:

Конвојот во Сирија влезе во придружба на возилата на ОН, а камионите пренесуваат храна и лекови за цивилите во Сирија

ХАТАЈ (АА) – Конвој од 25 камиони што пренесуват хуманитарна помош на ОН, од Турција денес влезе во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).

Камионите во Сирија влегоа на граничниот премин Џилвеѓозу во подрачјето Рејханли во јужната турска област Хатај.

Конвојот во Сирија влезе во придружба на возилата на ОН, а камионите пренесуваат храна и лекови за цивилите во Сирија.

И вчера од Турција во Сирија влезе конвој од 22 шлепери, кои исто така, под знамето на ОН ја пренесоа помошта на загрозените Сиријци.

Сподели: