Вести Свет

Обама: Судирите во Сирија и Украина да се решат по дипломатски пат

Сподели:

oba

БЕРЛИН (AA) – Американскиот претседател во заминување Барак Обама вечрва на состанокот со челниците на неколку европски земји во Берлин апелираше на јакнење на трансатланските односи, јавува Anadolu Agency (AA).

На состанокот највеќе се разговараше за ситуацјата во Сирија и Украина, како и за трансатланските односи по доаѓањето на Доналд Трамп на власт.

Обама и европските челници се согласија дека ќе продолжат да соработуваат во НАТО и ветија дека и понатаму ќе останат на сила санкциите против Русија.

На состанокот во зградата на германската влада во Берлин присуствуваа американскиот претседател, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, британската премиерка Тереза Меј, премиерот на Шпанија Мариано Рајој и премиерот на Италија Матео Ренци.

„На состанокот во Берлина се согласија околу потребата со заеднички сил ида работат на напредување на трансатланската агенда. Тоа значи дека е потребно да се вложат напори за да судирите во Сирија и Источна Украина се завршат по дипломатски пат”, се наведува во соопштението на Белата куќа.

Обама исто така го нагласи и значењето на обединета Европа и ги повика европските челници и понатаму да работат на јакнење на трансатланските односи.

Меркел истакна дека е потребно да се постигне договор со властите во Либија за да се гарантира безбедноста за мигрантите кои од Африка се обидуваат да избегаат во Еврпа.

Нагласи дека сеуште не е приметен напредок во поглед на спроведувањето на Договорот од Минск, чија цел е запирање на оружените судири во Украина.

По Германија, Обама патува во Перу, каде ја завршува својата последна меѓународна претседателска турнеја. Обама на претседателската функција је биде до 20 јануари кога ќе биде инаугуриран новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп.

Сподели: