Партијата на Путин со убедлива победа на парламентарните избори во Русија

Сподели

putin-glasaНа парламентарните избори за 450 пратеници на Долниот дом на рускиот парламент убедливо победи партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин.

Партијата освоила 54,3 отсто од гласовите, со што ќе добие апсолутно мнозинство во парламентот.

Комунистичката партија освои 14,9 отсто, а Либерално-демократската партија – 15,1 отсто од гласовите.
Фондот на јавно мислење соопшти дека другите партии што учествуваа со свои кандидати на изборите не го поминале цензусот од пет отсто.

Претседателката на руската Централна изборна комисија, Ела Панифилова, изјави дека вчерашните избори биле легитимни.

– Постои целосна увереност дека изборите поминаа сосема легитимно – рече Панифилова на првиот канал на руската државна телевизија.

meta.mk