Спорт

По 19 сезони и Реј Ален стави крај на својата кошаркарска кариера!

Сподели:

Уште една НБА ѕвезда и кажа збогум на кошарката.

ален1

По 19 години активно играње, се пензионираше и Реј Ален, еден од најдобрите тројкаши на сите времиња.

Ален во претходните две сезони немаше ангажман и реши да се поздрави со кошарката.

Како 5-ти пик во 1996 година, избран од Минесота која што направи голема грешка откако го трејдуваше во Милвоки Бакс за Стефон Марбери.

Репутацијата ја стекна во Сиетл Суперсоникс, а на врвот се искачи во зелениот дрес на Бостон Селтикс.

Реј Ален, заедно со Пол Пирс и Кевин Гарнет важеа за едно од најмоќните триа во историјата на НБА.

Заедно со нив ја освои и првата титула во НБА.

ален ален4

Последните две сезони од кариерата, Ален ги мина во Мајами каде со Леброн Џејмс, Крис Бош и Двејн Вејд се закити со уште еден шампионски прстен.

Еден од неговите најславни потези во кариерата беше легендарната тројка за продолжение на шестиот меч од НБА финалето во 2013 година, по што Мајами славеше, се избори за седми меч и ја освои титулата.

Реј Ален е рекордер по бројот на дадени тројки во НБА. Од 7.429 обиди, Ален уфрлил неверојатни 2.974 што е импресивен учинок од 40%.

ален3

Единствен кој во некое догледно време би можел да го стигне е Стеф Кари кој заостанува 1.300 тројки зад Ален.

10 пати беше биран за Ол-Стар мечот, стана шампион во шутирање тројки на во 2001 година, а во скоро време може да очекуваме и повлекување на броевите кои тој ги носеше во кариерата, 20 и 34.

Последната сезона ја заврши со просек од 14,5 поени, 2,6 скока и 2,2 асистенции.

ален2 ален5

Во богатата колекција на трофеи, Ален има дури три златни медали со репрезентацијата на САД, меѓу кои една од Олимписките Игри во 2000-та година во Сиднеј.

The post По 19 сезони и Реј Ален стави крај на својата кошаркарска кариера! appeared first on Спорти.

Сподели: