Вести Свет

По ураганот Метју: ОН од донаторите бара 119 милиони долари помош за Хаити

Сподели:

„Потребен е сеопфатен одговор на оваа ситуација. Стотици лица загинаа, некои места и села се избришани од Земјата“, изјави Бан Ки-мун

uragan-haiti

САНТО ДОМИНГО (АА) – Обединетите нации (ОН) денес ги повикаа донаторите да обезбедат 119 милиони долари помош за Хаити откако ураганот Метју на тој карипски остров однесе 327 животи, пренесува Anadolu Agency (AA).

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун ги повика донаторите да обезбедат фонд од кој ќе биде доделена хуманитарна помош за 1,4 милиони жители на Хаити.

„Потребен е сеопфатен одговор на оваа ситуација. Стотици лица загинаа, некои места и села се избришани од Земјата“, изјави Бан.

Доминиканска Република, која исто така беше зафатена од Метју, започна акција за помош на соседната држава со храна, медицински материјали, лекови, душеци и пивка вода.

Доминиканскиот претседател Данило Медина изјави дека ќе понуди три болници на граничниот дел за да им помогнат на жителите на Хаити, меѓу кои веќе има забележани случаи на колера.

Во меѓувреме, Чиле обезбеди 50.000 долари помош за Хаити, додека Куба испрати 28 свои медицински работници специјализирани за епидемија.

Разорниот ураган Метју минатата недела ја погоди Хаити, која е најсиромашната земја на Латинска Америка. Покрај 372 мртви, 246 лица се повредени, по неколку десетици се трага, додека 175.506 лица се сместени во приватни центри.

Покрај големите штети на патната инфраструктира, најмалку 300 училишта се уништени.

Најнова закана на жителите по ураганот е колерата, која од 2010 година на тој карписки остров погоди 700.000 лица, од кои 10.000 починаа.

Сподели: