Вести Свет

ФРАНЦИЈА: Поради опасноста од птичји грип уништени 3,3 милиони живина

Сподели:

Уништени се повеќе од три милиони  живина поради опасноста од птичји грип (Х5Н8) во Франција, јавува Anadolu Agency (AA).

Од почетокот на јануари, со цел превенција од птичји грип, во Франција започна масовно уништување на пердувестите животи. Мари-Пјер Пе, генерален секретар на Здружението на произведувачи „ЦИФОГ“, изјави дека досега се уништени 3,3 милиони живина.

„Поради порастот на случаите на птичји грип во југозападниот дел од земјата постои голема можност во наредните денови да се зголеми бројот на уништени животни“, порача Pe.

Од Министерството за земјоделство на Франција наведоа дека 48 места во југозападниот дел на земјата се прогласени за ризични подрачја поради птичјиот грип и се очекува во најкраток временски рок да биде уништен и живината на ова подрачје. На тој начин бројот на ризичните подрачја порасна на 463.

Франција и Унгарија во рамките ЕУ се најпогодени земји од птичјиот грип.

Се очекува дека штетата од птичјиот грип би можела да изнесува и до 120 милиони евра, со оглед на тоа што Франција е водечка земја во светот според производство и извозот на црн дроб од гуска.

Вирусот е забележан во ноември минатата година кај дивите патки во Па де Кале (Теснецот на Кале).

Anadolu Agency

Сподели: