Порошенко: Можна е руска инвазија од поголеми размери

Сподели

poroshenko

Украинскиот претседател Петро Порошенко изјави дека е можна ескалација на судирите со Русија и проруските сепаратисти на истокот на земјата и оти не може исклучи можноста „Русија да изврши инвазија од пошироки размери“.

Порошенко говорејќи во Лавов рече дека ситуацијата на истокот на Украина и на анектираниот Крим се влошува и оти „мора да се воведе вонредна состојба и мобилизација“.

Претходно украинската војска соопшти дека се убиени тројца војници во борбите со проруските сепаратисти.

Портпаролот на украинската војска, Олександер Мотузјанк соопшти дека во последните 24 часа се испукани повеќе од 300 минофрлачки и повеќе од 300 артилериски гранати и оти интензитетот на оганот е сличен на оној од пред година дена.

Според податоците на ОН, од 2014 година, кога почнаа судирите во Украина, па се досега, загинале 9.500 лица.

meta.mk