Вести Свет

ПОВЕЌЕ ОД 250 ТУРСКИ ФИРМИ ПОВРЗАНИ СО ЃУЛЕН, ОДАТ НА ПРОДАЖБА

Сподели:

turkey-flag_1880505110

Над 250 турски компании, за кои властите утврдиле дека се поврзани со „терористичката организација на Фетулах Ѓулен“, ќе бидат понудени на продажба, соопшти раководителот на Фондот за гаранција на влоговите, Ерџан Ѓул.

Во изјава за весникот „Акшам“, Ѓул рече дека во рамки на истрагата за неуспешниот воен удар во Турција од 15 јули, утврдени е дека 252 фирми биле поврзани со Ѓулен, кого властите го обвинуваат дека е организатор на пучот.

Според Ѓул, сите овие фирми ќе бидат понудени на продажба најверојатно на почетокот на следната година.

При обидот за преврат на 15 јули загинаа околу 300 лица, а над 1.000 беа ранети. Во операцијата против организаторите на пучот и нивните соработници, турските власти уапсија 70.050 лица, од кои 31.048 се задржани во притвор. Меѓу нив, според весникот „Јени Шафак“, има 7.016 полицајци, 6.488 војници и 2,385 службеници во правосудството.

Сподели: