Пожар во олимпиското село во Рио де Женеиро

Сподели

avstralija-rio-pozar

Австралискиот олимписки комитет потврди дека избил пожар во зградата во Рио де Женеиро, поради што се евакуирани персоналот и спортистите од оваа земја.

„Пожар со помал интензитет изби во подрумот на зградата во олимпиското село. Евакуирани се персоналот и спортистите“, стои во соопштението.

Засега не е позната причината за пожарот.

Ова е последен во низата инциденти поврзани со сместувањето на австралискиот олимписки тим. Австралискиот олимписки комитет на 24 јули соопшти дека нема да им дозволи на своите спортисти да влезат во собите затоа што во зградата наменета за нивниот тим тече вода од цевките и од плафон.rio

 

meta.mk