Претседателот на Филипини го одржа ветувањето: За три месеци убиени 192 дилери на дрога

Сподели

Според податоците што денеска ги објави Филипинската национална полиција, уапсени се над 43.500 осомничени дилери и зависници на дрога (192 се убиени), во периодот од 10 мај до 10 јули

thumbs_b_c_57e550b64b8053272914ff5c150ad3de

ЗАМБОАНГА (АА) – Филипинската полиција уби 192 дилери на дрога три месеци откако Родриго Дутерте (71), кој вети дека ќе го искорени криминалот и корупцијата, беше избран за нов претседател на земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според податоците што денеска ги објави Филипинската национална полиција, уапсени се повеќе од 43.500 осомничени дилери и зависници на дрога (192 се убиени), во периодот од 10 мај до 10 јули.

„Нема враќање назад. Ја почнавме оваа војна силни, и ќе ја завршиме уште посилни“, рече шефот на националната полиција Роналд Делароса.
Новоизбраниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте, на 30 јуни ја положи заклетвата како 16. претседател на оваа земја, пред повеќе од стотина гости и неколку милиони ТВ и онлајн-гледачи, со што го започна својот шестгодишен мандат.

Дутерте по девет мандати како градоначалник на градот Давао, победи на претседателските избори оджани на 9. мај и најави жестока борба против криминалот, во прв ред, против трговија со дрога.

По прогласувањето на победата ги повика граѓаните да му се придружат во борбата против криминалот и апелираше до народот во своите населби „со оружје да ги убијат дилерите на дрога што се спротивставуваат на полициското апсење“.

„Тие ги уништуваат нашите деца. Ве предупредувам, не влегувајте во тоа таа игра, дури и да сте полицаец, бидејќи ќе ве убијам. Доколку знаете некој зависник од дрога, слободно убијте го, бидејќи би било болно тоа да го направат неговите родители“, рече Дутерте.

Непосредно пред инаугурацијата на Дутерте, кој вети награда за секој полицаец што ќе приведе „жив или мртов“ дилер на дрога, околу 4.000 осомничени лица за трговија со дрога ѝ се предадоа на полицијата.

Дутерте во текот на својот 22-годишен мандат како градоначалник на градот Давао, од легло на криминалци и насилство, го претвори во град со ниска стапка на криминал и високи инвестиции.

Поради неговите контроверзни изјави, многу групи за заштита на човековите права нагласија дека неговите изјави и потези можат да доведат до тешки кршења на човековите права.