Примирјето во Сирија настапува првиот ден од Курбан Бајрам

Сподели

thumbs_b_c_faf1beb1e27da433d14c0c33296d347d

ЖЕНЕВА (AA) – Соединетите Американски држави и Русија се усогласија за преземање на чекори за да се намали насилството во Сирија, изјави рано утринава американскиот државен секретар Џон Кери, пренесува Anadolu Agency (AA).

Зборувајќи на заедничката конференција со рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, по разговорите во Женева, Кери истакна дека примирјето во Сирија ќе настапи првиот ден од муслиманскиот празник Курбан-Бајрам, во понеделник на 12 септември.

Примирјето во Сирија, американскиот државен секретар го нарече „пресвртница” додавајќи дека „верува, заедно со Русија, дека во Сирија ќе биде намалено насилството и дека ќе бидат продолжени чекорите кон мировните преговори и политичката транзиција”.

„Сите воздушни и други напади ќе бидат запрени во подрачјата кои се под опсада, вклучувајќи го Алепо”, истакна Кери додавајќи дека “двете страни во Сирија ги договориле своите повлекувња од патот Кастело во Алепо за да се демитализира зоната на пристап до градот”.

Терористичката организација ДАЕШ и Ал-Нусра не се вклучени во договорот.

Според зборовите на рускиот министер, двете земји (САД и Русија) усогласија пет документи кои се однесуваат на борбата против тероризмот и примирјето во Сирија.

На најновиот договор за примирје, недолго по конференцијата двајцата државници, реагираа во Обединетите нации (ОН) поздравувајќи го договорот кој „треба да ги запре страдањата на сирискиот народ.”

Во Сирија во изминатите пет години се војува, од кога владата на сегашниот претседател Башар ал-Асад насилно ги поттисна мирните протести против неговото владеење.